Русија и Кина на заедничка поморска воена вежба

Медиумите во Русија и во Кина јавија дека двете земји ќе учествуваат на поморски заеднички вежби на брегот на Пацификот, кои ќе започнат во петок. Според медиумите, вежбите нема да бидат насочени кон ниедна земја, туку имаат цел да ја зајакнат регионалната стабилност и безбедност.