ПС на ОБСЕ- необврзувачка резолуција за посвојувањата

Официјални претставници на Парламентарното собрание на ОБСЕ одобрија необврзувачка резолуција чија цел е заштита на децата и семејствата од законски измени за време на процесот на меѓудржавно посвојување.
Американскиот сенатор Роџер Викер ја претстави резолуцијата на годишната сесија на собранието во Истанбул. Таа ги повикува 57-те земји членки на ОБСЕ да ги надминат разликите во врска со посвојувањето во хуманитарен дух и да избегнат какво било дискриминирачко нарушување на посвојувањата кои се веќе во тек.
Резолуцијата доаѓа откако Русија во почетокот на годинава ги забрани посвојувањата од страна на американски граѓани, по што повеќе од 600 посвојувања беа прекинати.