Заев се сретнал со амбасадорите на Британија и Бугарија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев денеска имал средби со амбасадорите на Бугарија и на Велика Британија, Иван Велков Петров и Кристофер Ивон, на кои ги информирал за неодамна одржаниот 15-ти Конгрес на СДСМ, за статутарните промени и за идните политички чекори на партијата. Како што соопшти СДСМ, на средбата со бугарскиот амбасадор Заев разговарал за актуелната политичка состојба и односите помеѓу двете земји. За политичките состојби во Македонија Заев разговарал и со амбасадорот Ивон. „Британскиот амбасадор ја поздрави одлуката на претседателот на СДСМ Зоран Заев, за покажаната подготвеност за подобрување на политичкиот дијалог и воедно го поздрави формирањето на анкетната комисија“ соопшти опозициската партија.