Македонските стопанственици се жалат на корупција во трговијата

Вработените во приватниот сектор во Македонија најчесто се жалат на корупција во областа на градежништвото и во трговијата, покажало истражувањето спроведено од агенцијата Рејтинг во сработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Државната комисија за спречување на корупција. Најголем дел од испитаниците на прашањето „дали е зголемено или намалена корупцијата“, одговориле дека релативно бавно се менуваат работите на ова поле. „Според истражувањето како најчеста форма на корупција или неетичко однесување се користат политичките или бизнис врските за добивање државни тендери или бизнис од страна на државата“ изјави Никола Спасов од Рејтинг пред одржувањето на јавната дебата за резултатите од истражувањето за тоа како граѓаните гледаат на корупцијата во приватниот сектор и квалитативната анализа за превентивните мерки. Шефот на Одделот човекова димензија во Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Маркус Ролофс рече дека ОБСЕ гледа на корупцијата како нешто што ја загрозува стабилноста, безбедноста и развојот.