Војската во Египет со ултиматум за демонстрантите

Командантот на војската во Египет им даде 48 часовен ултиматум на про-владините и анти-владините демонстранти да ги надминат разликите или во спротивно да се соочат со за сега недефинирани мерки. Министерот за одбрана Фатах ал Сиси во телевизиско обраќање рече дека мора да се задоволат барањата на народот, додавајки дека протестите против претседателот Мухамед Морси се до сега невидена експресија на народната воља. Сиси додаде дека војската нема да се меша во политика но посочи дека ако не се постигне договор за 48 часа, вооружените сили ќе излезат со свој план.