Груевски во посета на Кина, најавени средби со кинескиот државен врв

Македонска владина делегација, предводена од премиерот Никола Груевски, од денеска ќе престојува во посета на Народна Република Кина.Владината прес-служба соопшти дека во тек на посетата премиерот Груевски во Пекинг ќе има средби со претседателот и со премиерот на Народна Република Кина, Си Џипинг и Ли Кечианг. Груевски, кој ќе биде придружуван од министрите за надворешни работи и за привлекување странски инвестиции, Никола Попоски и Веле Самак, задутре ќе се обрати на Конференцијата за соработка меѓу НР Кина и земјите од Централна и Источна Европа, што ќе се одржи во кинескиот град Чонгкинг.