Сараево - доста ни е од неработењето на домашните политичари

Стотина граѓани се собраа денеска пред Парламентот на Босна и Херцеговина со цел да го изразат своето незадоволство од „неработењето на домашните политичари“.
Под слоганот „Отказ 01.07“ граѓаните протестираат поради неусвојувањето на Законот за Единствен матичен број на граѓаните на ниво на државата, бидејќи на масовните протести на 11 јуни граѓаните им дадоа рок на одговорните до 30 јуни да го усвојат законот.
Организаторите ги повикаа сите граѓани на БиХ на бојкот на 1 јули за да им дадат „отказ“ на политичарите, како и денеска да не купуваат ништо освен леб.