Назарбаев - „никој нема право да ни каже како да живееме“

Претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев на прес конференција со британскиот премиер Дејвид Камерун изјави дека - „никој нема право да ни каже како да живееме и како да ја градиме нашата земја“.
Оваа изјава следеше по новинарско прашање за затворените дисиденти и човековите права во Казахстан.
Пред да се сретне СО Назарбаев, Камерун изјави дека главна цел на посетата се бизнис договори но дека ништо не е надвор од агендата вклучувајќи ги и човековите права. Двете земји денеска потпишаа договори за стратегиско партнерство со фокус врз економската соработка.