Египет-судири на поддржувачите и противниците на Морси

Протести против египетскиот претсетел Мухамед Морси

Демонстрантите кои бараат оставка од египетскиот претседател Мухамед Морси и распишување нови избори останале на улиците на Каиро. На вчерашните протести имало судири меѓу поддржувачите и пртоивниците на Морси, при што загинале пет лица, а стотина биле повредени. Протестите беа едни од најмасовните по оние во 2011 година кога беше соборен од власт тогашниот лидер Хосни Мубарак. Критичарите го обвинуваат Морси дека и дал преголема власт на Муслиманското Братство и дека не успеал да ги реши економските проблеми на земјата.