Германија бара објаснување од САД за наводите за шпионажа

Германското министерство за правда повика на итно објаснување од страна на Вашингтон за медиумските извештаи дека САД ги озвучиле канцелариите на ЕУ. Според нив, таквиот метод потсетувал на активностите меѓу непријателите за време на Студената војна.
Германското списание Дер Шпигел објави дека во таен документ наводно обезбеден од страна на Едвард Сноуден, кој е обвинет за шпионажа имало индикации дека ЕУ била под надзор на американските тајни програми. Според текстот, американската Национална агенција за безбедност ги озвучувала или на некој друг начин собирала информации од канцелариите на ЕУ во Брисел, Вашингтон и ОН.