Камерон оствари средба со пакистанскиот премиер

Британскиот премиер Дејвид Камерон

Британскиот премиер Дејвид Камерон оствари средба со новоизбраниот пакистански премиер Наваз Шариф. Според сооштението, фокусот на разговорот бил на борбата против тероризмот и напорите за воспоставување мир и стабилност во Авганистан.
Камерон го повикал Пакистан да помогне во изградбата на демократијата во Авганистан. Шариф изјавил дека земјата е посветена во борбата против тероризмот и екстремизмот.