Баросо-Хрватска ќе има голема корист од членството во ЕУ

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо изјави дека членството на Хрватска во ЕУ нема да и ги реши сите проблеми, но земјите кои се приклучиле пред неа постигнале голем напредок во економските и социјалните односи и во реформите. Според него, истото се случува во Хрватска откако таа поднесе барање за влез во ЕУ.
Баросо за хрватската државна телевизија ХТВ изјави и дека користа од членството на Хрватска во ЕУ е голема, бидејќи како релативно мала држава таа ќе биде на исто ниво како и другите и ќе учествува во донесувањето одлуки.