Џеј Ло на роденденот на лидерот на Туркменистан

Туркменистанскиот лидер Гурбангули Бедимухамедов

Туркменистанскиот лидер Гурбангули Бедимухамедов го одбележа неговиот 56 роденден со раскошна прослава на која свој настап имаше поп пејачката Џенифер Лопез, кој е првата голема западна ѕвезда која ја посети земјата. Таа настапи заедно со ѕвезди од Украина, Русија и Турција во луксузното одмаралиште на Каспиското езеро Аваза.
Кинеската национална нафтена корпорација која го пренесува туркменистанскиот гас до Кина соопшти дека е одговорна за организацијата на патувањето на Лопез.