Бајден побарал од Еквадор да не му дава азил на Сноуден

Претседателот на Еквадор Рафаел Кореа

Претседателот на Еквадор Рафаел Кореа изјави дека американскиот потпретседател Џо Бајден побарал од неговата земја да го одбие барањето за азил на Едвард Сноуден, кој е обвинет за шпионажа. Кореа во петокот телефонски разговарал со Бајден за случајот.
Тој на Бајден му рекол дека Еквадор не може да процесуира барањето за азил на Сноуден, бидејќи се уште не пристигнал на нивна територија. Кореа порача дека ќе се консултира со САД пред да ја донесе одлуката, но дека Еквадор ќе одлучи дали ќе му даде азил на Сноуден.