Двојно зголемена бројката на имигранти во Италија

Италијанските власти соопштија дека бројката на имигранти кои со брод пристигнале во земјата се зголемила за двојно во првата половина на годинава во споредба со истиот период во минатата. Министерот за внатрешни работи Анџелино Алфано изјави дека 7913 имигранти пристигнале на брегот на земјата од јануари до јуни во оваа година од кои најмногу во Лампердуса, остров кој се наоѓа југозападно од Малта.
Најголем дел од имигрантите се од Африка, Блискиот Исток и Азија. Според Алфано, не само Италија туку Европа треба обединето да се бори против проблемот со имигрантите.