Самарас-Скопје да се откаже од иредентизам

Грчкиот премиер Андонис Самарас

Грчкиот премиер Андонис Самарас изјави дека неговата земја ќе помогне доколку Скопје сака да влезе во Европа. Но, според него само доколку Скопје се откаже од иредентизам и се согласи на едно име за сите употреби, кое нема да задира во карактерот на грчка Македонија.
За време на говорот на деветтиот конгрес на Нова демократија тој порача дека проблемите што постојат во соседните земји „не треба да се кријат под тепих“ туку да се решат и земјите да се обединат.