Северна Кореја со закани за критиките од Јужна Кореја

Активист со летоци против Северна Кореја

Полицијата во Јужна Кореја го откажа лансирањето на летоци против Пјонгјанг, откако нивниот северен сосед се закани дека ќе возврати со насилство. Активисти планираа на границата со Северна Кореја да лансираат балони со гас кои ќе носат околу 200 илјади летоци испишани со критики за властите во земјата. Но полицијата го спречи настанот по предупредувањето од Северна Кореја дека ќе возвратат со оган доколку забележат балони на нивната граница.