Неизвесно дали Обама ќе се сретне со Мендела

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама е во Јужна Африка, но се уште не се знае дали за време на неговата посета ќе се сретне со поранешниот претседател и добитник на Нобеловата награда за мир Нелсон Мандела, кој е хоспитализиран и е во критична состојба. По посетата на Сенегал Обама отпатува за Преторија.
Тој денеска треба да се сретне со претседателот на Јужна Африка Јакоб Зума. Обама се очекува да го посети и Јоханесбург, Кејптаун и островот Робен, каде Мендела беше 18 години во затвор.