Сноуден 6-ти ден на аеродромот во Москва

Венецуела повторно му понуди азил на американскиот државјанин Едвард Сноуден, обвинет за издавање тајни документи, кој веќе 6-ти ден е на аеродромот Шереметјево во Москва. Сноуден пристигна во Москва од Хонг Конг и се очекуваше да побара азил од Еквадор, но од таа земја сеуште нема понуда. Вашингтон бара од Москва да им го предаде Сноуден, но засега руските власти одбиваат.