Грузиската влада расчистува криминал и апси опозиционери

На удар и грузијскиот претседател Михаел Саакашвили

Пратениците од партијата на грузијскиот претседател Михаел Саакашвили денеска ја напуштиле седницата на парламентот во знак на протест против апсењето на неколкумина членови на таа партија. Синоќа биле уапсени 4-ца припадници на таа партија кои работеле во канцеларијата на градоначалникот на Тбилиси Гиги Угулава, и се обвинети за финансиски малверзации. Од партијата на Саакашвили оценуваат дека се прави обид за нивна деструкција. Премиерот на Грузија, Бидзина Иванишвили, чија партија има парламентарно мнозинство, деновиве најави дека не ја исклучува можноста да биде уапсен и претседателот Саакашвили, по претседателските избори што треба да се одржат наесен.