Нова акција на руската полиција против илегалните имигранти

.

Руската полиција уапсила околу 1.400 илегални имигранти, кои живееле во импровизирана населба во Москва, соопшти денеска полицијата. Работниците, главно од земји од централна Азија, живееле во субстандардни услови, по десетина луѓе во соби со кревети на спрат. Во претходната акција на полицијата, пред еден месец, беше откриено едно подземно скривалиште на стотици имигранти, во кое, покрај текстилна фабрика, имаше и ресторан, казино, кино. Се проценува дека во Москва покрај официјалните 12 милиони жители, има и околу 5 милиони илегални имигранти.