Продолжуваат протестите во Анкара, полицијата ги растерува

Анкара

Турската полиција, доцна синоќа со солзавец и водени топови во центарот на Анкара ги растера стотиците учесници во антивладините протести. Биле уапсени четворица демонстранти, јавуваат турски медиуми. Солзавецот бил употребен откако полицијата се судрила со стотици демонстранти во квартот Дикмен кои не сакале да се повлечат до доцна во ноќта. Демонстрантите подигнале барикади на улици и блокирале сообраќај што било причина полицијата да дејствува.
Од почетокот на демонстрациите на 31 мај досега загинаа четири луѓе и речиси 8.000 се повредени. Протести во Истанбул во изминатите денови веќе нема, но демонстрациите продолжуваат во Анкара и полицијата реагира секоја ноќ за да ги растера луѓето кои демонстрираат против Владата на Реџеп Таип Ердоган.