ХРВ ја повика Хрватска на поголемо почитување на човековите права

Хјуман Рајтс Воч, на три дена пред зачленувањето на Хрватска во Европската Унија, ги повикува лидерите на земјата да превземат мерки за подобрување на правата на лицата со посебни потреби, како и на мигрантите и бегалците. Во отвореното писмо до хрватскиот премиер Зоран Милановиќ, ХРВ оценува дека Хрватска мора да стори многу повеќе за да го достигне нивото на почитување на човековите права според стандардите на Европската Унија.