Муса го повика Морси на предвремени избори

Египетските опозициски лидери, Амр Муса, Мохамед ел Барадеј и Хамдин Шабаху

Египетскиот опозициски лидер Амр Муса го повика претседателот Мухамед Морси да го послуша гласот на опозицијата и да закаже превремени претседателски избори. ој во интервју за новинската агенција Асошиетед прес изјави дека „Националниот фронт за спас“ не повикува на соборување на режим или на пуч туку да се излезе на легитимни избори. Морси во својот долг телевизиски говор во пресрет на опозициските протести најавени за 30 јуни, предупреди дека континуираните немири се закануваат да ја парализираат земјата и вети реформи во државните институции, и ги повика политичките сили на разговори за реформи.

Во меѓувреме „Националниот фронт за спас “ ја одби поканата за дијалог и уште еднаш побара предвремени претседателски избори. Еден од опозициските лидери Мухамед ел Барадеј изјави дека „ двостраниот говор на претседателот само укажува на јасна неспособност да се признаат тешките околности во кои се наоѓа Египет поради неговото неуспешно водење на земјата.“