ПССЕ ја усвои резолуцијата за Македонија

Парламентарното Собраните на Советот на Европа со мнозинство гласови ја усвои резолуцијата и препораката предложена од известувачот Роберт Валтер за постмониторинг дијалог на Македонија.
ПССЕ одлучи да го продолжи постмониторинг дијалогот со Македонија за прашањата подвлечени во извештајот, а согласно препораката се очекува Комитетот на министрите на Советот на Европа да отвори биро на СЕ во Македонија за да ги координира активностите на Советот на Европа. Парламентарците во дискусиите се осврнаа на инцидентот во македонскиот Парламент од 24 декември, поздравувајќи го договорот од 1 март.
Усвоениот текст го потврдува напредокот на Македонија во изминатите пет години, но земјата мора да работи на спроведување на реформите во правосудството, борбата против корупцијата, слободата на медиумите и имплементацијата на Охридскиот рамковен договор.