ОБСЕ ќе го проверува избирачкиот список

Утрврдување на состојбата на избирачкиот список и расчистување на сомнежите е целта на најавената проверка на листата која во септември ќе ја вршат експерти од мисиите на ОБСЕ и ОДИХР, јавуваат македонските медиуми. Најавени се средби со претставници на политичките партии и надлежните институции. Од Државната изборна комисија се на ставот дека нема поголеми проблеми со списокот но сепак се согласни дека експертска проверка е добредојдена.