Сноуден ќе ги раскара САД и Еквадор?

Еквадор најави дека ќе се откаже од преференцијалните права дефинирани во договорот за трговска размена со Соединетите американски држави со цел да покаже принципиелен пристап кон барањето за азил на Едвард Сноуден. Владата на чело со шефот на државата Рафаел Кореа соопшти дека договорот со САД се претворил во инструмент за уцена. Сноуден е поранешен соработник на американските тајни служби кои ги разоткри американските стратегии за меѓународно надгледување комуникации. Тој се наоѓа на аеродромот во Москва каде поради поништен пасош престојува веќе пет дена. Руските власти го одбија американското барање за екстрадиција.