Романија ќе ги повлече војниците од Авганистан до 2014 година

Романија ќе го повлече контингентит од Авганистан до крајот на 2014 година, изјави денеска романскиот министер за одбрана Мирча Душа. Тој додаде дека романските војници веќе предале три зони под контрола на локалните сили. Сега во Авганистан има 1.600 романски војници, а во втората половина од годината нивниот број ќе се намали до 500 а на крајот од годината ќе останат 200 романски војници кои нема да учествуваат во воени операции. „Тоа ќе бидат офицери и специјалисти, кои ќе ја обучуваат авганистанската армија“ посочи Душа.