Керката на Мандела: „Нема да лажам, не изгледа добро“

Јужноафриканскиот нобеловец Нелсон Мандела се уште е во тешка здравствена состојба.во болницата Преториа. „Нема да лажам, не изгледа добро“ изјави керката на 94 годишниот активист против Апартхејдот, кој се уште е свесен и реагира на допир. Поранешниот претседател беше хоспитализиран минатиот месец со белодробна инфекција. Неговата здравствена состојба се влоши во неделата поради што актуелниот претседател Јакоб Зума откажа патување во странство. Американскиот претседател Барак Обама рече дека Мандела е херој за светот чие влијание ќе остане со години.