Филе: ЕУ се приближува во регионот преку Хрватска

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе изјави денеска дека Хрватска не го напушта регионот туку дека ЕУ му се приближува. Филе додаде и дека членството не носи инстантни решенија за сите предизвици и дека борбата против корупција мора да се води секој ден како што мора да продолжи и реструктуирањето на стопанството. Европскиот комесар им порача на земјите од Западен Балкан дека влезот на Хрватска „е најсвеж доказ за трансформативната моќ на политиката на проширување на Европската унија“. Според него, членството на Хрватска потврдува дека перспективата за евроинтеграции е отворена за сите држави во регионот кои ќе покажат неопходна политичка волја за спроведување на политички и економски реформи и ќе докажат дека ги почитуваат европските вредност.