„Самоопределување“ го блокираше влезот во парламентот на Косово

Лидерот на Самоопределување Албин Курти

Приврзаници на Самоопределување ги блокираа сите приоди кон Собранието на Косово каде пратениците денеска треба да разгледаат нацрт-законот за ратификација на Договорот за нормализација на односите Приштина - Белград.
При тоа имало и судир со полицијата.
Косовскиот премиер Хашим Тачи изрази убедување дека сите пратеници ќе го усвојат Законот за ратификација на Договорот.
Лидерот на Самоопределување Аљбин Курти пак смета дека Тачи инсистира по секоја цена да се ратификува документот за да ја подели одговорноста со другите партии.