Египет ја призна независноста на Косово

Високорангирани косовски владини службеници велат дека Египет ја признал косовската независност. Министерот за надворешни работи Енвер Хоџа, меѓу другите, на неговиот твитер профил напиша дека Египет официјално го призна Косово. Изјавата се потврдува преку соопштението објавено на интернет страницата на египетското министерство за надворешни работи, во кое се вели дека Косово е независна држава.