Мајката на осомничениот бостонски бомбаш нема да присуствува на судењето

Мајката на Тамерлан и Џокар Царнаев, двајцата осомничени бостонски бомбаши, вели дека таа и сопругот нема да отпатуваат за Соединетите америкнаки држави за да го следат судењето на Џокар идниот месец. Во телефонска изјава за Радио Слободна Европа Царнаева вели дека била предупредена дека нејзиното присуство во САД за време на судењето само ќе ја влоши ситуацијата. Таа одби да открие кој ги испратил предупредувањата. Тамерлан и Џокар Царнаев се сомничат за извршување на бомнбардирањата во Бостон во кои загинаа тројца а над 200 лица се повредени. Тамерлан беше убиен во престрелка со полицијата четири дена по инцидентот.