Десетина убиени во три одделни напади на талибанците во Пакистан

Најмалку седуммина загинале во експлозија на бомба поставена покрај пат во Пакистан. Жртвите се телохранители на судија кој бил мета на нападот кој се случил во близина на градот Карачи. Уште најмалку деветмина се повредени во нападот. Во друга експлозија на бомба во северозападниот дел на земјата загинаа локален водач, неговиот син и внукот. Вооружени напаѓачи во Пешавар убиле полицаец и раниле уште три лица, јави пакистанскиот сервис на Радио Слободна Европа. Талибанските милитанти превземаа одговорност за сите три напади.