Премиерот на Австралија ќе се повлече од политика

Поранешниот премиер на Австралија Кевин Руд ја замени Џулија Гилард на челното место на австралиската Работничка партија, што може да ја прекине политичката кариера на актуелниот премиер на земјата. Руд освои мнозинство гласови од делегатите на конгресот на партијата. Гласањето се случува откако предизбопрните анкети покажаа дека малцинската влада на Гилард може да изгуби 35 пратенички места на претстојните избори во септември со што опозицската Конзервативна партија би освоила мнозинство од 150 пратенички места. Премиерот Гилард најави дека ќе се повлече од политиката ако не добие мнозинство гласови на конгресот.