Над 100.000 жртви во конфликтот во Сирија

Над 100 илјади луѓе, од кои околу 36 илјади цивили, биле убиени од почетокот на сиријскиот конфликт во март 2011-та, досега, соопштија сиријски активисти за човекови права со седиште во Лондон. Според овие активисти, во борбите загинале 18 илјади бунтовници и околу 40 илјади припадници на про-владините сили, но бројката на жртви е веројатно двојно поголема бидејки и двете страни ги кријат информациите за бројот на загинати.