Антивладини демонстранти ја опколија зградата на бугарскиот парламент

Стотици луѓе се собраа околу зградата на Националното собрание на Бугарија во Софија и бараат оставка од Владата, јави БТА.
Во почетокот протести имаше само кај службениот влез на парламентот, но сега демонстрантите ја опколилја зградата.
Околу парламентот има силно полициско присуство.
Демонстрантите ги исвиркуваат пратениците кои влегуваат во зградата на Националното собрание. Протестите беа организирани преку социјални мрежи.