Најмалку 27 загинаа во кинескиот регион на ујгурите

Во немирите во кинескиот автономен регион Ујгур загинаа 27 луѓе.
Според новинската агенција Ксинхуа, била нападната полициска станица и владина зграда.
Најмалку 17 лица загинале пред полицијата да отвори оган. Не се прецизира кои се напаѓачите.
Во овој регион живеат муслимани ујгури, но владата на Кина таму досели неколку милиони кинези од народот Хан што доведе до етнички конфликти.