Согледан потенцијал за поголема економска соработка меѓу Македонија и Естонија

Има потенцијал за поголема економска соработка меѓу Македонија и Естонија. Билатералните односи се одлични, а Естонија силно ја поддржува интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО,заклучија денеска во Талин премиерите на двете земји Никола Груевски и Андрус Ансип. На средбата се разговарало и за спроведувањето на економските политики и механизмите за надминување на предизвиците од негативните економски текови во насока на обезбедување на услови за консолидација и економски раст и развој.