Најавен увид на штетите од невремето во прилепско

Увид во штетите од невремето што ги зафати Прилеп и околината најавија денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и градоначалникот Марјан Ристески. „Стручна комисија ќе излезе на терен, ќе направи увид на штетите што ќе бидат пријавени, а извештајот ќе биде испратен до владина комисија“ изјави Димовски по разговорите со земјоделците од населеното место Беровци.