ЕК ќе разгледува критички извештај за корупцијата во Русија

Предлог – извештај на Европската комисија ја прозива Русија дека им дозволува на корумпираните државни службеници да ја распарчуваат државата и брутално да ги замолчуваат критичартите. Шведскиот европратеник Андреас Грос го презентираше извештајот во кој се разгледува и случајот со смртта на рускиот адвокат Сергеј Магнитски пред Комитетот за човекови права. Се очекува Парламентарното собрание при Советот на Европа да го разгледува извештајот во септември.