Премиерот Груевски и владин тим во посета на Естонија

Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски, денеска ќе престојува во политичко-економска посета на Република Естонија.

Во владината делегација се и заменик премиерот Владимир Пешевски, министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции Бил Павлески, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо и портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев.

Во рамките на посетата, премиерот Груевски има средба со претседателот на ладата на Естонија Андрус Ансип.

Владината делегација ќе присуствува на бизнис форум во главниот град на Естонија, Талин, на кој ќе бидат претставени поволностите кои Република Македонија им ги овозможува на странските инвеститори за отворање и реализација на бизнис, со цел зголемување на можностите за економската и трговската размена и соработка во полето на инвестициите