Либан-16 војници загинале во судир со сунитски муслимани

Најмалку 16 либански војници загинале во судирите со сунитските муслимани во градот Сидон. Националната агенција јави дека во борбите со автоматско оружје и ракетни гранати биле повредени 50 лица. Се уште не се знае колку припадници на вооружените напаѓачи загинале или биле повредени.
Според извештаите, војниците ја опколиле џамијата каде се наоѓале поддржувачите на сунитскиот муслимански свештеник Ахмед ал Асир.