Нови обвиненија против екс-премиерот на Грузија

Уапсениот поранешен премиер на Грузија официјално е обвинет за прикривање на убиство. Портпаролот на јавниот обвинител рече дека Иван Мерабишвили се сомничи за затајување информации во истрагата за убиството на познатиот банкар Сандро Гиргвлијани во 2006 година. Мерабишвили беше уапсен минатиот месец по што беше обвинет за злоупотреба на службена должност како и затајување пари и поткуп на гласачи.