Кери: Вашингтон соработува со авганистанскиот претседател

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека официјален Вашингтон интензивно соработува со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи откако талибанските милитанти отворија политичка канцеларија во Катар. Соработката со официјален Кабул е соодветна и вистински потребна додаде Кери. Американскиот специјален пратеник во Авганистан Џејмс Добинс денеска изјави дека Вашингтон е разлутен од отворањето на талибанска канцеларија во Катар.