Објевени националностите на жртвите од нападот во Пакистан

Пакистанските власти ги соопштија националностите на жртвите од милитантскиот напад во северниот дел на земјата. Вооружени напаѓачи отвориле оган во планинарски дом во неделата. Десетмина странци и еден Пакистанец се убиени во инцидентот. Меѓу убиените има Американец, тројца Украинци, двајца жители на Словачка и двајца Кинези, како и двајца планинари од Литванија и Непал. Група со врски со талибанските милитанти ја превзема одговорноста за инцидентот, тврдејки дека убиствата се реакција на напад на американско беспилотно летало.