Социјалистите водaт на изборите во Албанија

Првичните резултати од вчерашните парламентарни избори во Албанија покажуваат дека опозициската лева коалиција „Алијанса за европска Албанија“ предводена од социјалистите на Еди Рама е во водство пред „Алијанса за работа, благосостојба и интеграција“ на демократите на актуелниот албански премиер Сали Бериша. Како што јави дописникот на МИА, коалцијата на Рама до сега има освоено 47 пратенички места, од кои социјалистите 43, а остантите четири се на Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ) на Илир Мета. Коалицијата предводена од демократите освоила 32 пратенички места, од кои 30 се на демократите и две на партијата на Чамите, чиј лидер е Шпетим Идризи.