Сноуден не е на авионот кон Куба

Поранешниот сорабтник на американските разузнавачки служби Едвард Сноуден, кој во САД е обвинет за шпионажа, не отпатувал од Москва за Хавана. Новинските агенции Ројтерс и Интерфакс јавуваат дека авионот полетал без Сноуден. Американската влада од руските власти побара екстрадиција на Сноуден, кој е обвинет за неовластено објавување на инфопрмации за американските програми за надзор. Русија соопшти дека нема причина да го приведе поранешниот соработник на Националната агенција за безбедност. Амбасадорот на Еквадор во Русија се сретна со обвинетиот во неделата по што настанаа шпекулациите дека Снбоуден ќе ја напушти Москва.