Србија и Косово напредуваат кон ЕУ

За Србија и за Косово фактите се јасни. Добија задачи и ги остварија, па сега е важно и ние да го исполниме нашиот дел од договорот, изјави денеска шефот на шведската дипломатија Карл Билд пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел. Слична изјава пред почетокот на сотанокот даде и германскиот министер Гвидо Вестервеле. На состанокот, покрај разгледувањето на напредокот на некои земји кон членството во Европската Унија, ќе се расправа и за ситуацијата во Сирија, Авганистан, за нуклеарната програма на Иран, како и за случувањата во Турција.