Македонија и Косово договараат отворање нов граничен премин

Министрите за внатрешни работи на Македонија и на Косово, Гордана Јанкуловска и Бајрам Реџепи, денеска ќе ја парафираат меѓувладината Спогодба за отворање на новиот граничен премин за меѓународен патен сообраќај меѓу двете држави „Белановце-Станчиќ“. Документот ќе биде парафиран на граничниот премин Глобочица, во близина на Јажинце.
Министерот за економија Ваљон Сарачини, пак, денеска со заменик претседателот на косовската Влада и министер за трговија и индустрија Мимоза Кусари-Лила, ќе потпише договор за туризам меѓу двете влади и ќе ја посетат слободната економска зона Бунарџик.